Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, ја разјасни ситуацијата околу трансферите кои има намера да ги прави во иднина на чело на англискиот гигант.
Во медиумите се шпекулира дека на „Олд Трафорд“ ќе доведе дел од своите играчи на Спортинг Лисабон.
-Им ветив на новинарите дека во зима нема да ангажирам ниту еден играч од Спортинг. Но, не кажав ништо за летото. Не можам да размислувам за тоа, ќе видиме. Мора да почекаме до летото. Фудбалерите на Спортинг се квалитетни фудбалери на високо ниво, но сега сум фокусиран на мојот тим. Го познавам феноменот на англискиот фудбал и знам колку брзо работите можат да се променат овде. Го видов патот по кој помина Микел Артета. На почетокот сè беше лошо, но сега ситуацијата се промени. Сакам да видам како ќе ми помине првиот натпревар, изјави Португалецот, цитиран од „Манчестер Ивнинг Њуз“.