Семејствата на израелските заложници денеска го повикаа новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да направи „се што може“ за да се стави крај на војната во Газа и да им помогне на киднапираните Израелци да се вратат дома.
Еинав Зангаукер, чиј син Матан се уште е во Појасот Газа, изјави денеска во Тел Авив дека заложниците „немаат време“ до 20 јануари, кога Трамп ќе ја преземе функцијата, пренесува „Џерусалим пост“.
Таа посочи дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одамна „се откажа“ од заложниците и сега „жртвува војници, додека неговите екстремистички партнери работат на воспоставување (израелски) населби во Газа“.
Досега, 117 заложници се вратиле во Израел, вклучително и четворица ослободени на почетокот на војната, која започна на 7 октомври со нападот на Хамас врз Израел, кога беа киднапирани повеќе од 200 луѓе.
Триесет и седум заложници загинаа, а 101 се уште се во Газа, а израелските власти веруваат дека половина од нив се уште се живи.