Како што се наближуваат новогодишните празници, многу луѓе се загрижени дека токму овој период ќе се здебелат. Фитнес-инструкторот од Австралија, Тајсон Арон тврди дека може дури и да се изгубат до 10 килограми до Божиќ, со две едноставни промени и доволна доследност.

- Ако сакате да изгубите пет до 10 килограми отсега до Божиќ, сè што треба да правите се 8.000 чекори секој ден. Тоа како минимум, но идеално е да направите повеќе од 10.000 чекори... Како второ: Ќе јадете три оброци секој ден. Но, Вашиот прв оброк треба да биде протеински шејк со две лажици за мерење полни протеини, или да направите смути со две лажици за мерење со протеини и овошје. Понекогаш наједноставните стратегии даваат најдобри резултати, објасни тој.

Тој уверува дека овие две мали прилагодувања се сè што Ви треба за да се намали телесната тежина. (Погледни го видеото.)

Натаму нагласува дека е важно да уживате и во другите два оброка, но секој оброк треба да содржи најмалку 35 грама протеини, а идеални би биле повеќе од 50 грама.

- Ако овие два едноставни чекори се следат постојано, тежината ќе се симне. До празниците треба да бидете послаби и да се чувствувате подобро, вели Тајсон.

На крајот, тој вели дека ако им се даде приоритет на протеините, нема потреба од премногу грижа за другите хранливи материи



Автор: Администратор
Објавено на: 17/11/2024 03:38