Јапонската принцеза Јурико Такаги - најстариот член на царското семејство во Јапонија и сопруга на помладиот брат на царот Хирохито, почина денеска во Токио. Таа имаше 101 година.
Јурико е родена во 1923 година во тамошно благородно семејство. На 18-годишна возраст, неколку месеци пред почетокот на Втората светска војна, се омажила за принцот Микаса - дедо на сегашниот цар Нарухито. Принцот Микаса Такахито почина во 2016., на 100-годишна возраст.
Официјално, причината за смртта на Јуруко не е објавена. Нејзиното здравје неодамна се влоши, а јапонските медиуми пишуваат дека принцезата починала од пневмонија