Денес на покана на УМС на ВМРО-ДПМНЕ овде во Ѓорче Петров имаме средба со студенти. Денес го одбележуваме интернационалниот ден на студентите и јас како претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието на Република Македонија ми е многу драго што ова е прв интернационален ден на студентите за кои нема да зборуваме само за порази, туку ќе зборуваме и за одредени победи кои ги имаме направено како држава во однос на самите студенти.
Имено, имаме нов буџет на Република Македонија кој е во собраниска процедура. Таму нема ставка за млади, особено за студенти којашто не е зголемена и за тоа сакам да се заблагодарам на министерката за образование и наука Весна Јаневска која навистина стана партнер на младите луѓе, а особено на студентите им даде рака.
Денес на оваа работилница ќе имаме прилика од самите студенти да слушнеме идеи, предлози, заедно да размениме мислења се со цел во периодот што следи да креираме што е можно подобри и поефикасни младински политики.