Најголемата опозициска партија во Полска, Право и правда (ПиС) може да го изгуби државно финансирање во висина од околу 75 милиони злоти (околу 17,4 милиони евра) во следните три години од актуелниот парламентарен мандат, откако Изборната комисија не го прифати финансискиот извештај за 2023 година.

Изборната комисија во август утврди дека ПиС нелегално потрошила 3,6 милиони злоти (околу 834,000 евра) за својата изборна кампања во 2023 година.

Тоа може да доведе ПиС да остане без пари за нејзината кампања за претстојните претседателски избори следната година. ПиС тоа го оцени како задушување на опозицијата од страна на Владата.

Овој случај покажува дека планот на сегашната Влада е да ја елиминира единствената вистинска опозиција во Полска преку нелегални административни активности. Тешко е да се зборува за чесни претседателски избори во Полска во ситуацијата, изјави портпаролот на ПиС, Рафал Бохенек.

ПиС има рок од седум дена за да поднесе жалба на одлуката на полската Изборна комисија



Автор: Администратор
Објавено на: 19/11/2024 03:41