Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп се очекува да го номинира Хауард Латник за секретар за трговија, јавуваат дел од американските медиуми. Латник е претседател и извршен директор на финансиската фирма од Њујорк Cantor Fitzgerald и моментално служи како ко-претседател на транзицискиот тим на Трамп. Тој јавно ги поддржа плановите на Трамп за тарифи, клучен дел од задачите на Министерството за трговија во новата власт. Латник беше сметан за фаворит за оваа улога, заедно со Скот Бесент, кој служеше како економски советник во кампањата на Трамп. Латник, исто така, излезе пред Линда Мекмахон за улогата во водењето на Министерството за трговија. Мекмахон, која е ко-претседател на транзицискиот тим на Трамп, беше сметана за еден од главните кандидати и претходно ја водеше Администрацијата за мали бизниси за време на првиот мандат на Трамп. Трамп активно работи да го номинира и првиот човек во Министерството за финансии, при што за оваа клучна економска позиција има голема конкуренција. Милијардерот технолошки магнат Илон Маск претходно за оваа позиција го подржа Латник над Бесент. Латник е долгогодишен пријател на Трамп и истакнат поддржувач на криптовалутите. Тој раководеше со одговорот на Cantor Fitzgerald на нападите од 11 септември 2001, кога повеќе од 600 негови вработени беа убиени во Светскиот трговски центар.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/11/2024 04:37