Шпанскиот тенисер Рафаел Надал по поразот на шпанската репрезентација синоќа од Холандија (1:2) во четвртфиналето на Дејвис купот, проговори како навивачите треба да го паметат.

- Титулите се важни, но најмногу сакам да бидам запаметен како добар човек од мал град на Мајорка и момче кое постигна повеќе отколку што можеше да замисли, изјави Надал на тернот во Малага.

Ова беше последен турнир во кариерата на 38-годишниот Шпанец. Има 1.080 победи во сингл и 92 титули, вклучувајќи 22 Грен слем титули. Надал е сопственик и на две златни олимписки медали.

Во полуфиналето на Дејвис купот, Холандија ќе игра со победникот од пресметката Германија – Канада.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/11/2024 14:56