Буџетот за 2025 со рекордни 2,4 милијарди денари повеќе пари за Министерството за животната средина и просторно планирање. Наместо декларативна борба против загадувањето, ВМРО-ДПМНЕ вложува вистински напори против оваа негативна појава!
Во потпрограмата 2, наменета токму за заштита на животната средина, предвидено е зголемување за 116%. Во ставката „унапредување на животната средина“, предвидено е зголемување за 30%.
Покрај владата и министерствата, ќе овозможиме и општините да се борат против загадувањето, преку ставката за капитални дотации, која е зголемена за повеќе од 250%.
Во денари, тоа се 2,2 милијарди денари повеќе во споредба со лани, предвидени за капиталните проекти на Министерството за животна средина, односно 90% повеќе. Највисоки средства се вложуваат во капитални проекти наменети за други градежни објекти, во вкупна вредност од 3,6 милијарди денари, зголемување за 71,5%.
Додека пак општините за капиталните расходи добиваат 641 милиони денари повеќе, односно цели 267%, споредбено со 2024та.
Почитувани, ова е јасен индикатор дека ВМРО-ДПМНЕ ќе направи сериозни напори да дишеме чист воздух, во чиста животна средина, а со тоа, Македонија заеднички да ја направиме поубаво место за живеење.