Германскиот министер за одбрана Борис Писториус е најпопуларниот политичар во Германија, додека актуелниот германски канцелар Олаф Шолц е меѓу најмалку популарните, пишува Политико.

Порталот тврди дека тоа навело многумина да се прашаат зошто Социјалдемократската партија на Германија (СПД) не се откаже од Шолц како главен кандидат за канцелар и не го номинира Писториус за таа функција.

Писториус истакна дека за него тоа прашање „не се ни поставува“.

- Имаме кандидат за канцелар. Тој е актуелниот канцелар. Се се сведува на тоа. Навистина сум многу среќен со мојата работа. Сакам да бидам министер за одбрана, изјави Писториус неодамна за германската јавна телевизија.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/11/2024 16:05