Градскиот совет на Лос Анџелес едногласно усвои одредба за прогласување на градот за „град засолниште“, со што ќе се заштитат мигрантите кои живеат таму. Политиката забранува користење на градските ресурси и персонал за спроведување на федералните миграциски политики.
Оваа одлука следува по најавата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп дека ќе спроведе масовни депортации на мигранти. Со правилникот се обезбедува правна заштита за мигрантите на локално ниво.
- Одредбата ќе спречи федералната миграциска полиција да пристапува до градски објекти или да ги користи градските ресурси, истакна членот на советот Нитија Раман.
- Мерката има за цел да ја увери мигрантската заедница дека го разбираме нивниот страв, додаде Пол Крекоријан, член на советот.
Пред гласањето, демонстранти пред зградата на советот бараа итно прогласување на градот за засолниште, поддржувајќи 1,3 милиони мигранти во Лос Анџелес. Според извештаи, 11 американски сојузни држави преземаат чекори за намалување на соработката со федералната миграциска полиција