Новоизбраниот претседател Доналд Трамп го избра Мет Витакер за нов американски амбасадор во НАТО. Витакер беше вршител на должноста јавен обвинител за време на првиот мандат на Доналд Трамп.

„Мет е силен воин и лојален патриот, кој ќе се погрижи интересите на САД да се унапредат и бранат“. „Мет ќе ги зајакне односите со нашите сојузници во НАТО и ќе застане цврсто пред заканите за мирот и стабилноста - тој ќе ја стави Америка на прво место“, нагласи Трамп во соопштение.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/11/2024 03:45