Министерот за спорт Борко Ристовски и претседателот на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) Живко Мукаетов денеска ги посетија македонските репрезентативки кои предводени од селекторот Кристијан Грчевски се подготвуваат во Скопје за претстојното Европско првенство.

На заедничката средба, Ристовски и Мукаетов им посакаа успешен настап на македонските ракометарки на Европското првенство кое од 28 ноември до 15 декември ќе се одржи во Швајцарија, Австрија и Унгарија.

За македонските ракометарки ова ќе биде седмо учество на завршниот континентален турнир.

Избраничките на Грчевски се дел од групата А во рамки на која во Дебрецин ќе играат против Шведска, Турција и Унгарија.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/11/2024 04:03