Се урна дел од фасада на зграда на плоштадот „Бан Јелачиќ“ во центарот на Загреб. Нема повредени луѓе, информираат од Полициската управа во Загреб, а на местото на настанот излегле и пожарникари и комунални работници.

„Околу 12 часот и 20 минути е добиена пријава дека се урнал дел од зградата на плоштадот „Бан Јелачиќ“. При излегување на местото на настанот било утврдено дека се урнал дел од фасадата“, истакнаа од Полициската управа.

Загрепските пожарникари кои излегле на терен ги отстраниле остатоците од оштетениот дел од фасадата.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/11/2024 03:37