Аргентински Расинг го победи бразилски Крузеиро со 3-1 и ја освои својата прва Копа Судамерикана во финалето одиграно во главниот град на Парагвај - Асунсион.

Мартирена го отвори резултатот во 15. минута, а Мартинез постигна втор гол пет минути подоцна за првиот меѓународен трофеј на Расинг од 1988 година.

-Освоивме куп после толку години. Тоа е историско, рече Мартинез, кој заврши како најдобар стрелец на турнирот со 10 гола на 13 натпревари. Тој реализира во 90+5 за конечните 3-1. Каио Хорхе го постигна единствениот гол за Крузеиро.

Копа Судамерикана е вториот најпрестижен трофеј во Јужна Америка по Копа Либертадорес. Расинг стана првиот аргентински тим со трофеј од 2020 година кога Дефенса и Јустиција го победи Линус. Последните две титули ги освоија екипи од Еквадор.

Бразилските Атлетико Минеиро и Ботафого ќе играат во финалето на Копа Либертадорес следниот викенд во Буенос Аирес



Автор: Администратор
Објавено на: 24/11/2024 16:16