Ракометниот клуб Вардар 1961 забележа победа над Алкалоид од 29:27 (15:13) во дерби натпреварот од 12. коло на Суперлигата.

Ова беше прв пораз за избраниците на Кирил Лазаров во кампањата.

Сепак „црвено-црните“ не го анулираа поразот од три разлика од Автокоманда (33:30) кој на крајот може да се покаже и како клучен во битката за титулата.

Најефикасни кај победникот беа Хориха со седум и Срдановиќ со шест реализации, додека на спротивната страна Митев постигна пет погодоци



Автор: Администратор
Објавено на: 25/11/2024 03:53