Меѓународниот суд за правда во Хаг вчерa издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант и воениот командант на политичко-воената група Хамас. Тие се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото за време на војната меѓу Израел и Хамас.
Но, битна улога во издавањето на меѓународната потерница е Амал Клуни - сопруга на познатиот американски глумец Џорџ Клуни и адвокатка за човекови права, која помогна да се усвои одлуката кај главниот обвинител на Меѓународниот суд. Либанско-британската правничка на оваа задача работи од јуни и беше ангажирана како специјална советничка во истрагата на Обвинителството.
Нејзиниот ангажман не им се допадна на властите во САД. Американскиот претседател Џозеф Бајден го оцени барањето како „безобразно“ и навести дека ќе бидат преземени санкции против сите кои учествувале во утврдувањето на оваа одлука. Поради ова, на Амал ѝ се заканува кривично гонење и може да биде депортирана од САД како странец.
Нејзиниот сопруг Џорџ Клуни му порачал на Бајден преку високиот советник Стив Рикети, дека Амал не се кае за своите постапки и дека нема намера да го повлече својот став.