Тајванското Министерство за одбрана денеска соопшти дека синоќа е детектиран кинески балон во зоната за идентификација на воздушна одбрана на островот. Ова е прв ваков случај од април до сега.
Балонот бил забележан вчера, во 18:21 часот, на околу 111 километри северозападно од Тајван, на висина од 10.058 метри. Според министерството, тој ја напуштил зоната во 20:15 часот.
Кина редовно испраќа борбени авиони, дронови и воени бродови во близина на Тајван за да изврши притисок врз островот, кој Пекинг го смета за своја територија.
Од вчера до денеска, воени извори забележале 12 кинески борбени авиони и седум воени бродови околу островот.