Зголемен е бројот на мигрантско насилство врз жените во Италија, што е последица на неконтролираната миграција, изјави денеска италијанскиот вицепремиер, министер за транспорт и лидер на десничарската партија Лига, Матео Салвини.
По повод Меѓународниот ден на борба против насилството врз жените, Салвини ги прочита имињата на 15-те жртви на фемицид во Италија кои беа убиени во период од една година, пренесе АНСА.
Според него, мигрантите во Италија често пати доаѓаат од земји кои, како што рече, „не ги делат западните принципи и вредности“.