Северноатлантската алијанса ја премина границата на секоја пристојност со изјавите за можни превентивни напади на руска територија, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
- Шефот на Воениот комитет на НАТО Роб Бауер јавно ги откри вистинските намери на Алијансата, кога изјави дека се разгледува можноста за превентивни напади на руски цели во случај на потенцијален оружен конфликт, рече Лавров на состанокот на безбедносните и разузнавачките служби на земјите од Заедницата на независни држави (ЗНД).
Тој додаде дека НАТО веќе јавно изнесува ставови кои ги преминуваат границите на пристојност.
Роб Бауер, на конференција во Брисел, повика на зголемено производство на оружје за прецизни напади длабоко во територијата на Русија во случај на конфликт, пренесува ТАСС