Ракометарите на Вардар 1961 го совладаа вечерва во Скопје лидерот во германското првенство Мелсунген со 32-30 (17-17) и со победа го завршија настапот оваа сезона во Лига Европа.
За македонскиот претставник ова беше втора победа и петти освоен бод во групата Ф, заверувајќи го на крајот третото место.
Пласман во нокаут фазата од оваа група обезбедија Мелсунген, кој во Скопје го претрпе првиот европски пораз, како и Порто, кој два пати го совлада Вардар во групната фаза.
До втората европска победа Вардар 1961 вечерва го предводеа Ларс Коиј со осум и Младен Крсманчиќ со шест голови.
Одлична партија на голот на „црвено – црните“ прикажа Мигуел Фереира, кој запиша 15 одбрани.