Тренерот на Интер, Симоне Инзаги се осврна на синоќешната победа над Лајпциг во 5. коло од Лигата на шампионите.
До трите бода „Нероазурите“ дојдоа со автоголот на Кастело Лукеба во првото полувреме.
-Одигравме одличен натпревар, постојано ја контролиравме ситуацијата, а против Лајпциг не е лесно. Повеќе напаѓаа во завршниот дел од играта, Зомер добро се снајде на голот. Штета што не успеавме да постигнеме втор, изјави Инзаги.
Интер во поредокот во Лигата на шампионите со 13 бодови, Лајпциг нема бодови и е на претпоследното, 33. место