Ракометарите на Еурофарм Пелистер забележаа пораз со 33-26 (20-11) на гостувањето против унгарски Веспрем во дуел од Лигата на шампионите.

За битолчани ова беше шестиот пораз во деветтиот натпревар во најеминентното ракометно натпреварување на Стариот континент.

Унгарците си ја завршија работата уште во првото полувреме кое го добија со убедливи плус девет. Во второто полувреме унгарците рутински ја одржуваа предноста за конечна победа.

Кузмановски со шест гола и Радивојевиќ со пет беа најефикасни кај македонскиот тим, а Косоротов и Фабрегас со по седум гола предводеа кај Веспрем.

По девет одиграни кола, Пелистер останува на 4 бодови и на делба на шестото место со Висла.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/11/2024 04:08