Словачките власти приведоа две лица во врска со истрагата за наводна меѓународна група која планирала напади врз критична инфраструктура, објавија министерот за внатрешни работи Матуш Сутај Ешток и шефот на домашното разузнавање Павол Гашпар по состанокот на Советот за национална безбедност, јави ДПА.

Ешток и Гашпар одбија да го откријат идентитетот на двајцата уапсени бидејќи во моментов се водат дополнителни истражни дејствија во координација со партнерските разузнавачки служби.

Единствената информација што ја објавија словачките власти е дека групата се состои од неколку лица, најмалку еден член е Украинец, а меѓу осомничените има и лице со двојно словачко-унгарско државјанство.

Словачките медиуми јавија дека безбедносните сили, во соработка со други разузнавачки служби, идентификувале конкретни осомничени кои со месеци ја вознемируваат јавноста со закани со бомби поставени на училишта, судови и други јавни институции, главно во Чешка и Словачка. Анонимните закани постојано принудуваа евакуации.

Тој не сакаше да ги коментира изјавите на шефовите на чешките разузнавачи кои се сомневаат дека зад заканите стојат руски државјани.

Гашпар ги отфрли тврдењата за „руска“ или „украинска“ врска.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/11/2024 15:40