Лидерот на опозициската Алијанса за иднината на Косово, поранешниот премиер, Рамуш Харадинај вели дека актуелниот претседател на косовската Влада, Албин Курти е „шеф на корупцијата и грабежот“ во државата, јави дописникот на МИА од Приштина.
Во синоќешното интервју за телевизијата Т7, Харадинај рече дека министрите на Курти, под негова заштита, се осмелиле да доделат толку многу тендери од еден извор, односно со директни преговори со една странка.
„Тој самиот ја дозволи корупцијата, Курти е шеф на корупцијата и грабежот во Косово. Тие кога крадат, Курти ги штити и ги напаѓа обвинителите. Под заштита на Курти се осмелија неговите министри да доделат толку многу тендери од еден извор“, рече Харадинај.
Според поранешниот премиер, неговиот наследник на чело на косовската Влада, Курти, се брани себеси си и своите министри, бидејќи „тоа се алки на еден ист ланец“.
- Ако му се скине една алка, тој знае каде ќе стаса. Тој е шефот на сите овие случувања, ништо не се прави без негово знаење и без негов благослов. Тој е првиот одогворен“, изјави Харадинај.