Ботафого синоќа го победи Атлетико Минеиро со 3:1 во финалето на Копа Либертадорес во пресметка на две бразилски екипи.

Ботафого играше со десет фудбалери од втората минута по исклучувањето на Грегор. Луис Енрике, Алекс Телес и Жуниор Сантос погодија за тимот предводен од Артур Хорхе.

За Атлетико Минеиро, предводен од Габриел Милито, Едуард Варгас постигна гол по асистенција на Хулк.

Ботафого за прв пат во својата историја стана шампион на Јужна Америка



Автор: Администратор
Објавено на: 02/12/2024 02:02