Управата на Јувентус нема намера да го позајми Даглас Луиз на друг клуб. Единствено, во јануари торинскиот тим ќе биде задоволен само со продажбата на играчот од средниот ред, објавија италијанските медиуми.

Киа Жорабчијан, агентот на Бразилецот, веќе работи на наоѓање нов клуб за Луиз.

Дваесет и шестгодишниот фудбалер од средниот ред моментално заздравува од повреда.

На девет натпревари оваа сезона за Јувентус, Луис нема постигнато гол ниту асистенција.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/12/2024 02:41