Европската ракометна федерација со 6.000 евра го казни Еурофарм Пелистер поради расистичко навивање на натпреварот со Фредериција во Лигата на шампионите.

Казната на ЕХФ за македонскиот првак е во согласност со „нула толеранција“ за расизмот и несоодветното навивање со цел промоција и разбирање меѓу клубовите, без дискриминација по основа на раса, религија или политика. Мисијата на ЕХФ е да го поттикне пријателството и меѓусебното разбирање меѓу членовите, да не дискриминира врз основа на политика, раса или религија и да отфрли какви било нелегитимни практики во спортот, е објаснувањето на ЕХФ.

Битолчани имаат право на жалба до Апелациониот суд на ЕХФ во рок од седум дена.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/12/2024 15:10