Уставниот суд на Грузија денеска го отфрли барањето за поништување на парламентарните избори одржани на крајот на октомври, на кои победи владејачката партија Грузиски сон, која е на власт од 2012 година.

Опозицијата смета дека изборите биле наместени и во последните денови организира проевропски демонстрации.

„Уставниот суд не ги прифати жалбите...со кои се бараше изборите од 26 октомври да се прогласат за неуставни“, соопштија од судот, прецизирајќи дека тоа е „конечна“ одлука.

Во Грузија од минатиот четврток секојдневно има протести поттикнати од одлуката на партијата Грузиски сон да ги одложи до 2028 година преговорите за пристапување во Европската унија, што е цел наведена во самиот Устав на земјата



Автор: Администратор
Објавено на: 04/12/2024 02:23