На седницата на Бордот на Евролигата одржана во вторник беше донесена одлука за домаќинот на фајналфорот за оваа сезона.

Четирите најдобри клубови оваа сезона ќе се борат за титулата во Абу Даби.

Одлуката е донесена на седницата на Управниот одбор со 11 гласа за Абу Даби и два против. Грчкиот медиум „Нова Спорт“ наведува дека против биле само Олимпијакос и Реал Мадрид.

Панатинакос, Фенербахче, Анадолу Ефес, Барселона, Басконија, Макаби, Олимпија, Асвел, Баерн, Жалгирис и ЦСКА гласаа за Абу Даби да биде домаќин на завршниот турнир.

Завршниот турнир ќе се игра од 23 до 25 мај. Полуфиналните натпревари ќе се играат на 23 мај, додека на 25 ќе се игра дуелот за третото место и големото финале.

Домаќин ќе биде „Етихад Арената“ со капацитет од 18.000 седишта.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/12/2024 02:39