Шефицата на пратеничката група на Зелените во германскиот парламент Катарина Дреге изрази оптимизам дека може да се донесе закон со кој ќе се легализира абортусот во првите три месеци од бременоста, јави ДПА.

Дреге денеска изјави пред колегите од Зелената партија дека група пратеници кои го поддржуваат предлогот имаат реална шанса да формираат парламентарно мнозинство за законот пред предвремените избори во Германија, кои се очекуваат во февруари.

Во моментов, абортусите се нелегални според член 218 од германскиот Кривичен законик. Сепак, во пракса, тие се достапни и не се казнуваат ако се извршат во првите 12 недели од бременоста, под услов жената претходно да добие советување. Абортусите исто така не се казнуваат ако постојат медицински причини или ако се извршени поради силување.

Во Германија со години се води жестока дебата за тоа дали треба да се укине забраната за абортус или да се измени кривичниот законик со цел постапката да се легализира под одредени услови.

Најновиот предлог за измена на законот ќе биде првпат разгледан оваа недела во германскиот Бундестаг, долниот дом на парламентот.

- Мојот впечаток е дека може да се формира мнозинство во германскиот Бундестаг за усвојување на законот во текот на овој законодавен период, изјави Дреге.

Многу пратеници од Зелената партија го поддржуваат предлогот, а канцеларот Олаф Шолц, кој е член на Социјалдемократската партија (СПД), исто така го поддржа предлогот како член на парламентот.

- Јас сум дел од многу голема група пратеници кои оваа недела ќе предложат реформа што ќе обезбеди повеќе сигурност и самостојност за жените, изјави Дреге.

Тековниот предлог предвидува легализација на абортусите во првите 12 недели од бременоста



Автор: Администратор
Објавено на: 04/12/2024 02:40