СДС и ДУИ се уплашени од Панче Тошковски, затоа што не им поминува ниту едно црно сценарио, кое го смислија за дестабилизација на државата.

МВР експрено реагира на сите сценарија на СДС и ДУИ, институциите за 24 часа расчистуваат секаков криминал, и нормално е СДС и ДУИ да се нервозни.

СДС и ДУИ се нервозни зошто знаат дека ќе дојде време за одговорност за сите криминали кои ги правеле.

И СДС и ДУИ се плашат за криминалот кој го правеле во РЕК Битола, ЕСМ, МЕПСО, ЈПДП, Државна Лотарија.

СДС и ДУИ се плашат зошто знаат дека криминалците во нивните редови ќе се соочат со законот.

И СДС и ДУИ гледаат како експрено се решава секој случај, а криминалците кои тие до вчера ги штитеа и со кои се фотографираа сега не можат да дивеат по улиците.

И СДС и ДУИ се во паника зошто не можат да издаваат пасоши на белосветски криминалци.

Со Панче Тошковски МВР почна да работи по закон, и нема недопирливи.

Интерпелацијата за Министерот Панче Тошковски е одраз на страв и паника на СДС и ДУИ и допрва ќе се плашат, зошто кој се огрешил пред законите и треба да се плаши, зошто ништо повеќе не е како до сега. Одговорност ќе има за секој еден криминалец, без разлика колку СДС и ДУИ да предизвикуваат вештачки кризи за да избегнат одговорност.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/12/2024 03:06