Пратениците во Јужна Кореја гласаа против декретот за воена состојба што го најави претседателот Јун Сук Јол, јави Си-Ен-Ен.
Сите присутни 190 пратеници од вкупно 300 во Парламентот гласаа за поништување на мерката.
Се уште не е познато каков ефект ќе има гласувањето врз прогласената воена состојба. Според јужнокорејскиот закон, претседателот е обврзан да се придржува кон резултатите од гласувањето.