Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, ја поздрави денешната одлука на претседателот на Јужна Кореја, Јун Сук-јеол, да ја укине воената состојба, истакнувајќи дека САД „внимателно ги следеа случувањата во последните 24 часа“ и очекуваат политичките несогласувања да бидат „разрешени мирно“. Во својата изјава Блинкен го потврди сојузништвото меѓу САД и Јужна Кореја, кое, како што рече, е засновано на „заеднички принципи на демократија и владеење на правото“. Неколку американски когресмени синоќа излегоа со изјави за превирањата во Јужна Кореја, каде вчера претседателот на земјата ненадејно воведе воена сосстјба, а по совет на министерот за одбрана, стравувајќи дека опозициската партија наводно работела во интерес на Северна Кореја. Конгресменот Бред Шерман, кој е демократ од Калифорнија, член на Комитетот за надворешни работи во Претставничкиот дом и претседавач со поткомитетот за Азија, изјави дека народот и парламентот на Јужна Кореја „се иправиле во одбрана на демократијата и спречиле пуч“. Тој додаде дека прогласувањето на воена состојба ја поткопува алијансата меѓу САД и Кореја, која е „изградена врз заедничката посветеност на демократијата“. Конгресменот Анди Ким, демократ од Њу Џерси, кој наскоро ќе се приклучи на Сенатот, на социјалнат амрежа „Х“ напиша дека неговите родители се родени во Јужна Кореја за време на Корејската војна. -Никогаш не би замислил дека 70 години подоцна ќе видиме илјадници севернокорејски војници како се борат за руски диктатор против Украина, додека демократијата во Јужна Кореја тоне во воена сосотојба, напиша тој. Додаде дека „во земјата е нарушена довербата, а народот е потресен. „Во овие кревки часови и денови што следат, најважно е насилството да се избегне по секоја цена, додека од суштинско значење е почитувањето на владеењето на правото и демократските процеси“, рече тој.