Францускиот претседател Емануел Макрон ќе и се обрати на нацијата, откако опозицијата во Франција и изгласа недоверба на владата на премиерот Мишел Барние, соопшти вечерва Елисејската палата.

Лидерката на француската крајна десница, Марин Ле Пен, изјави дека притисокот врз Макрон расте, но дека таа не бара негова оставка, нагласувајќи дека само Макрон може да одлучи за тоа.

На владата на премиерот Барние вечерва и беше изгласана недоверба со мнозинство гласови во парламентот, со што стана првата француска Влада на која и е изгласана недоверба уште од 1962 година, кога на нејзино чело беше популарниот Жорж Помпиду.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/12/2024 05:35