Кошаркарите на МЗ Скопје Аеродром ја забележаа вечерва втората победа во регионалната АБА 2 лига, совладувајќи го на гостински терен Тиват со 70-65 во рамки на 5 коло во групата А.
Македонскиот шампион уште пред вечерашното гостување во Црна Гора остана без шанси за пласман во плејофот, откако Цедевита триумфираше над Хелиос и со тоа овие две екипи ги потврдија првите две места во групата.
Најефикасни во редовите на МЗТ Скопје Аеродром вечерва беа Брандон Слај и Марко Баковиќ со по 14 поени.
МЗТ Скопје Аеродром ќе ја заврши групната фаза на третото место во групата А во која во последниот натпревар без резултатско значење ќе игра против Цедевита на 19 декември на домашен терен