Македонската банкарска асоцијација информира дека на 48. Седница на Собранието го именуваше Бојан Стојаноски за заменик-претседател на Асоцијацијата, со мандат од четири години.
- Стојаноски е истакнат банкарски професионалец со повеќе од 25 години искуство во банкарскиот сектор, од кои 15 години на раководни позиции. Тој е долгогодишен и активен член на Македонската банкарска асоцијација уште од нејзиното основање, при што се истакна со својот значаен придонес како претседавач на Комисијата за реструктурирање корпоративен долг, стои во соопштението.
Во моментов Стојаноски е генерален директор за управување со ризици и член на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје, функција што ја извршува од март 2020 година. Неговото професионално портфолио вклучува и високи раководни позиции во Халк Банка АД – Скопје. Дополнително, тој бил член на Управниот одбор и втор генерален директор на КБ Прво пензиско друштво АД – Скопје.
Македонската банкарска асоцијација e уверена дека неговото искуство, стручност и посветеност ќе донесат голем придонес во остварувањето на целите на Асоцијацијата, се наведува во соопштението.