Македонските машки фудбалски репрезентации до 17 и до 19 години денеска со жрепка во седиштето на УЕФА во Нион ги дознаа противниците за новиот евроквалификациски циклус.

Репрезентацијата до 19 години е дел од групата 11 во која за противници ќе ги има Португалија, Белгија и Естонија.

Квалификацискиот турнир за пласман во елитната фаза за место на Европско првенство 2026 во Велс ќе се одигра од 12. до 18. ноември идната година, а домаќин ќе биде Португалија.

Македонските фудбалери до 17 години, квалификациите за пласман на ЕП 2026 во Естонија ќе ги почнат на домашен терен во октомври идната година во група со Чешка, Унгарија и Гибралтар. Претходно, македонските фудбалски кадети во март идната година ќе играат квалификациски турнир за пласман во А дивизијата во група со домаќинот Шкотска, Романија и Лихтенштајн.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/12/2024 02:43