Најмалку 190 лица беа спасени откако во денеска во Хонгконг се расипа панорамското тркало.
Инцидентот се случил околу 17 часот на тркалото во областа Централ Харборфронт, потврди јавниот радиодифузен сервис RTHK.
- Сите лица се спасени и областа е исчистена. Во моментот нема никој во близина. Сите се безбедни. Сè уште не ја знаеме причината за дефектот,“ изјави портпаролката на компанијата што управува со тркалото.
Панорамското тркало „Hong Kong Observation Wheel“ е високо 60 метри и има 42 гондоли, вклучувајќи и една ВИП гондола со кожни седишта и стаклен под. Сите гондоли се климатизирани и опремени со комуникациски системи.