Рускиот претседател Владимир Путин денеска го назначи шефот на Комитетот за информатичка политика на Државната дума, Александар Хинштајн за вршител на должноста гувернер на регионот Курск.
Указот за назначување на Хинштајн е објавен на веб-страницата на Кремљ.
На средбата со Хинштајн, нудејќи му ја функцијата вршител на должноста гувернер на Курската област, рускиот претседател истакна дека во моментов таму е потребен кризен менаџмент.