Државното обвинителство на Перу објави дека отвора прелиминарна истрага против претседателката Дина Болуарте за наводно незаконско напуштање на функцијата поради привремена неспособност за која не го известила Конгресот.

Перуанските власти истражуваат дали претседателката привремено ја напуштила улогата на шеф на државата за да направи тајна операција на носот, пишува Блумберг.

Додека владата ги отфрли обвинувањата, поранешниот премиер Алберто Отарола призна дека Болуарте била подложена на „ринопластика“ поради „респираторни проблеми“ во обраќањето до пратениците оваа недела.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/12/2024 02:29