Рафаел ван дер Варт (41) е поранешен играч од средниот ред на Ајакс, ХСВ, Реал, Тотенхем и холандската репрезентација, а во моментов се остварува како телевизиски коментатор. Неговите забелешки се вирални, а најновата е за тоа кој клуб е најпосакуван во светот.

-Реал е клуб за кој секој фудбалер сака да игра. Не знам зошто е тоа така, но тие сакаат да играат за Реал многу повеќе отколку, да речеме, Барселона. Секој фудбалер во светот го сака тоа, па дури и играчите на Барселона сакаат да играат за Реал Мадрид. Сигурен сум во тоа 100 отсто, вели Ван дер Варт.

Тој дојде од ХСВ во Реал во летото 2008 година. За две години одигра 73 натпревари таму, постигна 12 и асистираше за 13 гола, но тоа беше за време на доминацијата на Барселона, па со Реал не освои ниту еден важен трофеј. Потоа се пресели во Тотенхем.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/12/2024 02:42