Германската фудбалска лига ДФЛ заработи 4,484 милијарди евра со продажба на правата за пренос на Бундеслигата и другите национални дивизии од сезоната 2025/26 до 2028/29 година.
Зголемувањето од 84 милиони евра, односно за два отсто од претходната продажба на правата, договорена на тендерот во четвртокот, е спротивно на трендот во другите големи европски лиги.
Емитувањата од шпанската, италијанската и француската лига заработија многу помалку пари отколку во претходните години, така што овие бројки од Бундеслигата јасно покажуваат колку навистина е успешна во однос на продажбата на ТВ правата.
Дури и англиската Премиер лига лани заработи помалку од претходно.
-Ова е добар ден за германскиот фудбал, изјави портпаролот на ДФЛ - Ханс-Јоаким Вацке.
Осумдневниот тендер требаше да се одржи во април, но тој беше одложен со жалба на стриминг порталот „ДАЗН“.
Германската арбитража делумно ја уважи жалбата и му нареди на ДФЛ да го организира тендерот под променети околности.