„Директната линија“ со претседателот на Русија, Владимир Путин и неговата голема годишна прес-конференција наречена „Резултати на годината“ ќе се одржи на 19 декември, соопшти портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.
На прес-конференцијата ќе присуствуваат и западни медиуми. Прашањата за „Директната линија“ на Путин ќе се собираат телефонски, преку СМС пораки, на веб-страницата и на социјалните мрежи.
Прашањата ќе се обработуваат со помош на вештачка интелигенција. Прес-конференцијата на шефот на руската држава, во врска со „Директна линија“, се одржа минатата година на 14 декември и траеше четири часа и четири минути.
За тоа време претседателот на Русија одговори на 67 прашања. Од нив, 26 прашања поставиле граѓани, а 33 претставници на медиумите, меѓу кои и новинари од Турција, Кина, САД, Франција и Република Српска. Како што истакна Песков, „Директната линија“ на Путин е секогаш долг и значаен настан.