Малолетничка од Општина Ранковце вчера била повредена во основното училиште во Ранковце, кадешто при игра со соученици се повредила, по што била однесена на лекар, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Случајот бил пријавен утринава од страна на лекар од приватна здравствена ординација во Крива Паланка.

-Утрово, 6 декември, во 9:15 часот во Одделението за внатрешни работи Крива Паланка лекар од приватна ординација пријавил дека вчера, 5 декември 2024, кај него била донесена малолетничка со повреди. Според пријавеното, малолетничката се здобила со повредите во основно училиште во општина Ранковце, при игра со соученици, информира портпаролот на СВР Куманово, Ивана Младеновска.

Од Секторот за внатрешни работи Куманово при Министерство за внатрешни работи посочуваат дека се превземаат мерки за расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/12/2024 06:38