Осумкратниот освојувач на „Златната топка“ Лионел Меси е прогласен денеска за најдобар фудбалер (МВП) во американската професионална МЛС лига.

Триесетиседумгодишниот Аргентинец го предводеше Интер до рекордни 74 бодови во регуларниот дел од сезоната, која, сепак, заврши разочарувачки за клубот од Мајами, кој беше елиминиран од плејофот веќе во првото коло од Атланта.

Во својата прва цела година во американската лига, откако му се приклучи на Мајами во јули 2023 година од ПСЖ, Меси блесна со 20 голови и 16 асистенции во текот на регуларниот дел од сезоната, иако пропушти 16 натпревари.

Финалето во американската МЛС лига е на програмата в сабота кога Лос Анџелес Галакси ќе игра против Њујорк Ред Булс



Автор: Администратор
Објавено на: 07/12/2024 17:13