Пари Сен-Жермен синоќа ремизираше на гостувањето кај Оксер (0:0) во натпревар од 14. коло на француската Лига 1.
Фудбалерите на Луис Енрике упатија 11 удари кон противничкиот гол без ниту еден постигнат гол. Ова е антирекорд во францускиот шампионат од почетокот на водење статистика (сезона 2006/07).
Сепак тренерот Енрике е задоволен од играта на неговиот тим.
-Задоволен сум од играта, не од резултатот, но треба да продолжиме да работиме и да размислуваме позитивно, изјави Енрике за „DAZN“.
По 14 натпревари, парижаните водат во Лига 1 со 34 бода, осум бода повеќе од Марсеј на второто место, но нивните противници имаат еден натпревар помалку