Речиси 400.000 жители на Ирска синоќа останаа без струја поради невремето „Дара“, кое го прекина снабдувањето со електрична енергија на десетици илјади домаќинства и во Велика Британија, јави Ирската радио и телевизија (РТЕ).

Според информациите од метеоролошката служба, во голем број окрузи, меѓу кои и Голвеј, забележани се налети на ветер со брзина до 141 км/ч. Од повеќе места има извештаи за паднати дрвја и блокирани патишта.

Промени се воведени и во движењето на автобусите и возовите. Летовите од аеродромот во Даблин до Велика Британија се откажани.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/12/2024 04:45