Претседателот на Аталанта, Антонио Перкаси, по победата над Милан вчеравечер со 2:1 во 15. коло од Серија А, проговори за иднината на напаѓачот Адемола Лукман, кој го постигна победничкиот гол во 87. минута.

- Не планираме ништо да менуваме во јануарскиот преоден рок, го цитира Перкаси новинарот Фабрицио Романо на социјалната мрежа Икс.

Дваесет и седумгодишниот Нигериец на 17 настапи оваа сезона постигна 10 голови и имаше пет асистенции.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/12/2024 04:47