Олимпијакос го загуби Мозес Рајт до крајот на сезоната. Центарот е надвор од терените поради здравствени проблеми од грчкиот клуб не откриваат детали за ситуацијата.
- Ова е чисто медицински проблем. Сè е во ред со него, тој ќе биде со нас, но нема да игра повторно оваа сезона, изјави спортскиот директор на грчкиот клуб Христос Бафес.
Во грчките медиуми пред десетина дена се појави информација дека Рајт има респираторна инфекција и ќе паузира три месеци.
Во тековната сезона, Рајт имаше просек од 4,7 поени, 2,4 скока и 0,5 асистенции на натпреварите во Евролигата